вестиВиноМакедонијаТоп вести

Сковин со нови производи и на нови пазари

Во услови на здравствена и економска криза, Винаријата Сковин не само што ја прошири својата палета производи, туку и го зголеми бројот на вработени.

Во услови на здравствена и економска криза, Винаријата Сковин не само што ја прошири својата палета производи, туку и го зголеми бројот на вработени. Сметаат дека развојот е најдобар начин за справување со кризата. Скопската винарија периодов го зголеми својот асортиман со неколку нови линии и сорти на вина.

„Сковин во моментов е во период на интензивно развивање и унапредување. Една од главните карактеристики и предности на Винарија Сковин се сопствените лозови насади, кои овозможуваат да се контролира квалитетот на грозјето. Македонија е земја, која е позната по квалитетот на црното грозје, а виновите насади на Сковин се простираат на 575 хектари”, изјави Александар Тренчевски, генерален директор на Винарија Сковин.

Вината на Сковин освен во регионот, присутни се и на пазарите на Европската Унија, но и во Русија, Јапонија, Кина и во поголемите прекуокеански земји.

„Со цел да ги задоволат различните вкусови на потрошувачите, Винарија Сковин има широка палета на производи, повеќе од 24 различни типови и категории на вина и два типа на ракии. Во делот на вината застапена е со различни типови на квалитет на вина”, вели Венера Гелебешева Крстиќ, главен енолог и директор на производство во Винарија Сковин.

Винарската визба Сковин, основана пред 41 година, денес има капацитет од над 17 милиони литри вино. Се стекнале со 53 меѓународни награди и признанија за квалитет, а најавуваат уште многу новитети во наредниот период.

Извор: Сител

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close