Слаба продажба на овошје и зеленчук за Нова Година

(Oвој напис е објавен на: January 2, 2018)

pazar

Ниту гласна реклама на производите не помага продавачите на „Бит Пазар“ да ја зголемат потрошувачката на зеленчук и овошје. Продавачите велат, воопшто не се чувствува дека вечерва е дочекот на Новата Година. Иако цените се ефтини, купувачи речиси и да нема. Дел од продавачите велат дека од година во година е се полошо.

„Со плати и пензии од 12 илјади не може да купуваш се, и да ти останат пари за сметки.“

„Пред десет години овде не можеше да поминеш на денешен ден, Имаше народ, сите купуваа, имаа пари. Сега е катастрофа. Земјоделците се најутепани, ете цените ви кажуваат, ние не лажеме. Но народот нема пари.“

„Мислам дека оваа година беше тешка и лоша. Немаа луѓето пари, гледате и сами нема луѓе, Леб нема да јадат.“

„Па купуваат, за нова година купуваат што да прават. Кај мене подобро е оваа година“, рекоа неколкумина граѓани.

За наредната 2018 – та година очекуваат подобар пласман на домашното земјоделско производство во странство, но, и повисоки откупни цени за земјоделските производи. Сметаат дека домашните ниви може да дадат поголем и поквалитетен род, но треба стратегија за земјоделство која ќе ја заживее домашната економија. Продавачите се со поделени мислења околу тоа каква ќе биде следната година.

„Се надеваме дека новата година ќе биде подобра за сите.“

„Не, нема подобро да биде. Се гледа дека цела година оваа Влада не направи многу. Не вредат двата часа ефтина струја, или укинувањето на радиодифузната такса. Треба повеќе пари за подобар живот“, додаваат граѓаните.

И продавачите и потрошувачите, очекуваат повисоки плати и власта и општината конечно да ја реализираат изградбата на модернизиран „Бит пазар“ ветување со кое ги добиваат гласовите на пазарџиите последните неколку изборни циклуси.


 

alsatm