Славе Петров ора со маски-Високите цени на горивата ги вратија ралата во употреба
ВИДЕО
Во кочанско поле почнаа подготовките за сеидба на ориз. Славе Петро со своите две мазги ги ора нивите. Залежува дека станува збор за традициција од над 70 години иако орањето е далеку потешко, но во услови кога цените на горивата се високи, оваа година тој заштетува.
Голем дел од оризопроизводителите стравуваат да ги вклучат тракторите. Сеидбата за неколку кратно им е поскапена, поради нафтата, но и ѓубривата, кои според нивни проценки се покачиле и за 200 проценти.
Високите трошоци за сеидбата, според оризопроизводители на нивите ќе се посее помалку и тоа за 30 проценти. Според планот на водостопанство Брегалница годинава планирани се 4.500 хектари под ориз. Пред неколку дена одобрени се два милиони евра од интервентниот фонд за исплата на дополнителна субвенција за минерални ѓубрива за производителите на пченица и јачмен, како најзначајни стратешки култури. Недостигот од ѓубрива сериозно го погоди земјоделството, бидејќи Русија е еден од најголемите производители на клучните состојки во вештачките ѓубрива. Според експертите нормализирање е можно само ако во Јуни, Кина почне со извоз на фосфати.https://telma.com.mk/