ВестиМакедонија
Следува врнежлив викенд, температури до 17 степени
Погледнете ја врменската прогноза за наредните денови
Времето денес умерено до значително облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од југозапад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, во горниот тек на Повардарието северен, а во јужните делови источен и југоисточен ветер.
Под влијание на влажна воздушна маса од денес кон крајот на денот следува период на пооблачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Најоблачно и најврнежливо ќе биде во сабота и во понеделник, кога на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.