fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Словенечкиот министер за земјоделство поднесе оставка поради хотелска сметка од 800 евра

По заминувањето не ја платил, туку тоа наводно подоцна наместо него го направил земјоделски комбинат со кој Министерството за земјоделство е во спор за сопственост на земјоделско земјиште.

Словенечкиот министер за земјоделство Јоже Подгоршек денеска поднесе оставка поради афера за неплаќање на една хотелска сметка.

Според пишувањата на медиумите, Подгоршек во јануари годинава направил сметка од 800 евра во хотел во Бохињ, а по заминувањето не ја платил, туку тоа наводно подоцна наместо него го направил земјоделски комбинат со кој Министерството за земјоделство е во спор за сопственост на земјоделско земјиште.

Наводно, станува збор за судир на интереси, односно за корупција, бидејќи хотелот кој ја издал сметката во времето кога во него престојувал министерот бил во сопственост на лице поврзано со споменатиот земјоделски комбинат.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close