fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Словенија бара промена на директивата за означување на потеклото на медот

Словенија и Португалија ја повикаа ЕК да воведе појасен систем за означување на потеклото на медот, со цел да им обезбеди на потрошувачите посеопфатни и подоверливи информации.

Тоа денес го соопшти словенечкото Министерство за земјоделство, шумарство и храна.

Како што е наведено, Словенија во понеделникот, на седницата на Советот за земјоделство и риболов во Брисел, предложи измена на Директивата за означување на медот.

Сегашната директива утврдува три етикети за мешавини од мед кои содржат мед од повеќе од една земја членка или, исто така, од некоја трета земја – мешавина на мед од ЕУ, мешавина на мед која не е од ЕУ и мешавина на мед од ЕУ и земји кои не се во ЕУ, а Словенија смета дека тие информации не се недвосмислени, сигурни и сеопфатни,објавува Денар.

Слични написи

Back to top button
Close