fbpx
ВестиМакедонија

Сметките во пошта ќе може да се плаќаат од 1 март, „Македонска пошта“ има долг од 10 милиони евра

Најдоцна од 1 март ќе профункционира платниот промет на „Македонска пошта“, откако до крајот на годинава ќе се потпише договорот со Халкбанк, соопшти директорот на „Македонска пошта“, Јани Макрадули.

Најдоцна од 1 март ќе профункционира платниот промет на „Македонска пошта“, откако до крајот на годинава ќе се потпише договорот со Халкбанк, соопшти директорот на „Македонска пошта“, Јани Макрадули.

„Очекувам од 1 март граѓаните да можат да плаќаат, по најниска провизија, на 330-те точки кои ги одржуваме. Верувам дека со дополнителни активности ќе го скратиме времето од потпишување на договорот со банката и дека до крајот на годината ќе го потпишеме“,

рече Макрадули.

Во однос на изборот на Халкбанк за платниот промет на „Македонска пошта“, по пропаѓањето на Еуростандард, бил истиот софтвер од истата компанија што го има банката, со што процесот е технички подготвен.

Говорејќи за состојбата во ова акционерско друштво во државна сопственост, Макрадули рече дека има големи долгови од околу 10 милиони евра, за кои вината ја припиша на извршната власт, а не на менаџерските тимови.

https://360stepeni.mk/smetkite-vo-poshta-ke-mozhe-da-se-plakaat-od-1-mart-makedonski-poshti-imaat-dolg-od-10-milioni-evra/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close