fbpx
Вести

Со чили и маслинки направија бизнис на остров

cili

Крсто и Ана Матулиќ направија одличен бизнис со чили и маслинки на остров.

Велат дека најголем предизвик за нив е како да опстанат на пазарот и да одговорат на потребите на купувачите.

На еден хектар површина имаат чили, маслинки, смокви и смил кој никнал сам и оригано.

Почнале да прават маслиново масло, а потоа и креми, шампони, сапуни, спрејови и слично.

„Секогаш добиваме нови идеи и се обидуваме да бидеме иновативни. Нашите производи настанаа по домашни рецепти, но применивме и иновации и добивме интересни артикли“ – велат тие.

Матулиќ додаваат дека имаат многу задоволни купувачи кои уживаат во нивните производи.

Растот на производството на годишно ниво е од 15 до 20%.

Првата година почнале со 100 садници чили, но откако виделе дека има интерес, ги зголемиле садниците.

Брачниот пар вели дека нивен успех е тоа што работат работа која ја сакаат.


 

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close