вестиТоп вести

Со ЕУ до подобро образование

Здржението за европска интеграција Европска гледна точка во тек реализира уште еден проект насочен према ЕУ интеграцијата. Станува збор за проектот „Со ЕУ до подобро образование“ кој што е поддржан и финансиран од Општина Новаци. Дел од овој проект е и обука која моментално е во тек и се одвива во село Старавина, Мариово насловена како Пишување, аплицирање и реализирање на проекти во Образовниот систем преку ЕУ фондовите“. Оваа обука е наменета за наставниот и стучниот кадар на О.У. Славко Лумбарковски од Општина Новаци.

 

Учесниците на обуката ќе имаат прилика да слушат и научат од компетенти предавачи со долгогодишно искуство на проекти од ЕУ за можностите кои ги нудат Европските фондови во образованието, односно на обуката предавачите ќе ги запознаат учесниците со истражување и пронаоѓање активни повици, како да се пишуваат предлог проекти, како да се аплицира и во случај да има одобрен некој проект преку ЕУ фондовите како истиот да се реализира односно да се менаџира. Во проектот е предвидено освен одржувањето на обуката да има и процес на менторирање, односно во следниот период да се аплицира заеднички предлог проекти на Европска гледна точка и О.У. Славко Лумбарковски, а истите да бидат подготвени од учесниците на обуката со менторство на предавачите.

ЕУ има големи потенциjали и можности кои ни ги нуди, сите ние треба да сме повеќе свесни и да превземеме повеќе активност и работа во насока на аплцирање предлог проекти на некој од ЕУ фондовите. Придобивката е повеќе страна пред се поради тоа што се решаваат некои проблеми кои самите наши институции со свои средства ќе треба да ги решат, но и финансиските средства кои доаѓаат од ЕУ сепак остануваат во нашата Држава и во нашиот систем, исто да не заборавиме за искуството кое се стекнува при работа на ЕУ проекти, меѓународни контакти итн. Општина Новаци и овој пат се докажа како модерна и напредна Општина која е свесна на потребите од ЕУ и одлучи да поддржи еден ваков проект и да вложи во кадрите кои ги има училиштето кое е под оваа Општина. Тоа треба да е пракса и на другите Општини и институции и да почнат повеќе да вложуваат во обучување на своите кадри за работа на вакви програми затоа што се од голема потреба и важност. вели Дејан Петровски, менаџер на проектот „Со ЕУ до подобро образование“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close