fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Со фискалните од вештачкото ѓубриво аплицирајте за повраток на 40 проценти од средствата

Во функција е модулот за аплицирање за сите оние што набавиле вештачко ѓубриво и има зголемен интерес кај земјоделците во само еден ден да аплицираат во голем дел за мерките.Тоа значи дека набавиле ѓубриво тоа значи дека имаа фискални сметки и тоа значи дека вчера преку Подрачните единици на МЗШВ до Платежната агенција веќе ги доставуваат овие барања за исплата односно за повраток на 40 проценти од поддршката што Владата им ја дава за сончоглед и за останатите култири, појасни Николовски.

Воведен е Интервентен фонд во кој 40 проценти или рекордно во целиот регион како држава го покриваме вештачкото ѓубриво, што им е потребно на земјоделците, на фармерите, за сончоглед, за пченка, за јачмен и за пченица, за она што е стратешки за државата,со цел да го намалиме увозот и да го зголемиме домашното производство, информира при посетата на велешка „Маслодајна“ министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

– Од вчера во функција е модулот за аплицирање за сите оние што набавиле вештачко ѓубриво и има зголемен интерес кај земјоделците во само еден ден да аплицираат во голем дел за мерките.Тоа значи дека набавиле ѓубриво тоа значи дека имаа фискални сметки и тоа значи дека вчера преку Подрачните единици на МЗШВ до Платежната агенција веќе ги доставуваат овие барања за исплата односно за повраток на 40 проценти од поддршката што Владата им ја дава за сончоглед и за останатите култири, појасни Николовски.

Тој информира дека кај сончогледот тоа значи 2500 денари покривања од државата по хектар за искористеното ѓубриво.

Земјоделците овие средства, информира, ќе ги добиваат неделно и нема да чекаат со месеци и наредна година.

– Кажавме до петок аплицирање, следниот петок исплата за сите оние што ќе аплицираат оваа недела, нагласи Николовски.

Според него, ние сме една од ретките земји што воведе и „Зелена нафта“ за механизација, која кај сончогледот изнесува 2200 денари по хектар кофинансирање од државата за земјоделците.

Министерот Николовски наведе дека една од мерките е и навремено и предвремено да бидат пуштени системите за наводнување во земјава.

– Со гордост кажуваме дека оваа година направивме се’ со натчовечки напори и работа на вработените во А.Д. Водостопанство се’ со цел да бидат исчистени каналите и подготвени.Веќе во најголем дел системите за житни култури се во функција и секаде каде што е потребно на дневна основа МЗШВ и А.Д.Водостопанство работи на отстранување на пречки, изјави Николовски.

Тој нагласи дека оваа година е прва во која предвреме ги пуштаат системите за наводнување со цел за поголемо производство ,за неопходните култури.

Нагласи дека целта на МЗШВ годинава е зголемување на домашното земјоделско производство.

Министерот Николовски посочи дека вовеле и дополнителна субвенција од 100 евра по хектар за сите оние кои ќе ги воведат сите агротехнички мерки, ќе искористат вештачко ѓубриво од државата, ќе добијат и Зелена нафта, а имаа на располагање и земјоделски површини во брзи постапки да ги стават во функција,

Им порача на земјоделците да ја искористат оваа година за производство на сончоглед и ако произведат повеќе од 1,5 тон, ќе добијат 100 евра по хектар.

– Денеска промовираме уште една мерка,секој ден нови мерки секој ден нови квалитети.За да не заврши домашното производство за извоз нашиот сончоглед од нашите ниви за којшто даваме најголема поддршка од целиот регион,туку да се предаде во домашните фабрики за масло со што ќе можат да произведуваат масло од сончоглед,воведуваме нова политика со која субвенциите коишто земјоделците ги добиваат ги обврзуваме да имаат доказ, дека целокупното произвоство го предале на домашните капацитети за призводство на домашно масло за јадење,појасни министерот Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close