fbpx
Вести

Со фотоволтаични панели до безбедна вода за пиење во селските населби

Општина Виница започна со монтирање фотоволтаични панели на селските резорвоари со кои ќе се овозможи автоматско хлорирање на водата.

so fotovoltaichni paneli do bezbedna voda za pienje so selskite naselbi

 

– Како локална самоуправа се стремиме сите жители на општина Виница посебно од селските урбани средини да имаат чиста вода за пиење, во таа насока се и нашите напори за надминување на тој долгогодишен проблем. Со овој нов систем со користење на сончевата енергија стартуваме во четирите населени места Трсино, Трстија, Крушево и Пекљани, а во тек е и постапката со урбанистичка документација за изградба на филтер станицата во село Трсино, за која средствата се веќе обезбедени, истакна градоначалникот на општина Виница, Емил Дончев.

Според директорот на Јавното претпријатие, Игор Спасовски, со помош на овие панели, струјата се складира во акумулатори и ќе се овозможи 24 часовна контрола на хлоринаторите. – На овој начин човечка рака повеќе нема да биде потребна, а со тоа водата ќе биде стопроцентно заштитена од несакани загадувања, додаде тој.

Оваа инвестиција е од општинскиот Буџет и е во висина од 256.000 денари, меѓутоа според најавите, за прочистување на водата се планирани и дополнителни средства во насока на комплетна контрола над квалитетот на истита и целосно преземање на водата од страна на јавното претпријатие.

Со ова ќе се реши долгогодишниот проблем со пиење хемиски или бактериолошки неисправна вода присутна на теренот повеќе години по ред.  

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close