Со измените на Законот за ветеринарно медицински препарати до поголема заштита на здравјето на потрошувачите и благосостојбата на животните
Владата на вчерашната седница ги донесе измените и дополните на Законот за ветеринарно медицински препарати. Основната цел на законските измени и дополни е унапредување на заштита на здравјето и интересите на потрошувачите и степенот на здравствена заштита и благосостојба на животните како и обезбедување на соодветна деловна клима за бизнис операторите.
Со измените и дополнувањата на Закон за ветеринарно медицински препарати се обезбедува детално уредување на ставање во промет, издавање и употреба на ветеринарно-медицински препарати со детално дефинирање на кои ветеринарно медицински препарати и во кои услови може да се користат, кој може да ги користи и кај кои видови животни може да се користат. Воедно и се зголемуваат обврските на професионалните лица кои ги ставаат во промет и користат ветеринарно медицинските препарати. Измените и дополнувањарта на Законот за ветеринарно медицински препарати преставуваат прв чекор кон целосно хармонизирање со легислативата на Евроспката Унија, но истовремено и обезбедување на сооветна деловна клима, заштита на здравјето на потрошувачите и благосостојбата на животните.
Со цел промовирање на правилната употреба на ветеринарно медициските препарати детално се уредува начинот на огласување и рекламирање односно се забранува огласување на начин кој доведува до заблуда. Овие измени дополни овозможуваат засилени контроли во областа на потенцијално фалсификувани ветеринарно медицински препарати со систем на собирање на податоци и пријавување за сомнение и информирање на надлежните институции и ветеринарните друштва и нивното нештетно уништување.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) која што е носител на законските измени и дополни, во следниот период ќе воспостави систем за собирање и анализа на податоците за прометот и употребата на ветеринарно медицинските препарати. Системот би ги опфаќал податоците за достапност, снабденост, прометот и употребата на ветеринарно медицинските препарати и ќе обезбеди континуиран увид во моменталната состојба со снабденоста, достапноста и употребата на ветеринарно медицински препарати со цел Агенцијата да може благовремено да преземе мерки во случај на недостиг или смалена достапност на одреден ветеринарно медицински препарат. Новите законски одредби ги обврзуваат веледрогериите, на континуирано снабдување на соодветен асортиман и количина на ветеринарно медицински препарати од есенцијалната листа за оптимално задоволување на потребите за ветеринарно медицински препарати на пазарот, во соодветен временски период, како и да поседуваат и сертификат за завршена обука и положен испит за ветеринарна фармаколошка внимателност (фармаковигиланца) или завршена специјализација по ветеринарна фармаколошка внимателност.
Со цел унапредување на културата на правилна употреба на ветеринарно медицински препарати АХВ воспоставува и одржува интернет портал за ветеринарно медицинските препарати кој е поврзан со интернет порталот на Европската агенција за лекови-ЕМА, на кој што ќе се објавуваат релевантните податоци за ветеринарно медицинските препарати.Исто така, измените предвидуваат воведување на нови програми односно Програма за рационална употреба на ветеринарно-медицински препарати, Програма за снабденост и достапност на ветеринарно медицински препарати и Листа на есенцијални ветеринарно медицински препарти. Во наредниот период Агенцијата во соработка со другите државни институции како и преставници на приваниот сектор и организацијата на заштита на потрошувачи планира измени и дополнување на повеќе закони кои се во нејзина надлежност со цел, олеснување и забрзување на постапката на регистрација/ одобрение за ставање во промет на ветеринарно медицински препарати, олеснување на одобрувањето на одредени типови на ветеринарно медицински препарати како и поедноставување на постапката за увоз на ветеринарно-медицински препарати.