Асоцијацијата на земјоделци бара да се преброи точниот број на овци во државата

(Oвој напис е објавен на: May 2, 2019)

Асоцијацијата на земјоделци бара да се преброи точниот број на овци во државата. Сметаат дека има фантомски одгледувачи на овци, кои пријавуваат само за да ги земат субвенциите, а од друга страна вистински сточари трпат загуби и едвај преживуваат.Според проценките на Асоцијацијата на земјоделци во моментов на пасиштата има околу  450.000 овци, а државата исплаќа субвенции на речиси двојно повеќе. Затоа се бара да се направи ревизија.

Иселувањето на младите од селата, но ниската откупна цена на јагнето, млекото,  високите плати за овчарите кои достигнуваат и до 900 евра се причините, зошто се намалуваат стадата и се напуштаат бачилата низ малешевско-пијанечкиот, осоговскиот и шарпланинскиот регион. Во беровското село Русиново, каде што речиси секоја куќа имала бачило, сега според жителите има само 1.000 овци.

Според државниот завод за статистика во земјава има  вкупно 724.555 овци. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека веќе во тек е пописот на стоката, со што ќе се прекинат и маниуплациите,а  ќе се овозможи и субвенционирање на реалниот број на овци во земјава.


 

telma