Со македонското јагне се гоштевале Хрватите, „Кланица со ладилник“ извезе за 2,6 милиони евра
На оваа компанија најголемиот дел од приходите, или речиси сите, и се од извоз на јагне, и тие се на сума од 2,63 милиони евра.
Акционерското друштво Кланица со ладилник од Струмица го објави шестмесечниот извештај за своето работење, а од него можат да се откријат интересни податоци, пишува faktor.mk
Оваа компанија периодот од јануари заклучно со август го завршила со чиста добивка од само 65 илјади евра, наспроти истиот период лани кога профитпот изнесувал 319 илјади евра. Што значи дека добивката е намалена за цели 80 проценти.
Да го погледнеме Билансот на успех зошто е тоа така.
Приходите од продажбата се одлични и изнесуваат 3,73 милиони евра за само шест месеци. И, во однос на истиот период лани се зголемени за 14 процети.
И, ако малку, сосема малку затаиле приходите од продажба на домашниот пазар, затоа пак оние од продажбата во странство се и тоа како зголемени.
Односно, на домашниот пазар се извршени услуги за колење на стока и продажба на месо за сума од 1,1 милиони евра, што е одлична сума, но во однос на истиот период лани има само мало снижување за 7 проценти.
Но, затоа, пак, „цветаат“ приходите од продажба на странскиот пазар. Тие на компанијата и донеле 2,63 милиони евра, што во однос на истиот период лани е зголемување за дури 25 проценти.
А, од компанијата во своето образложение на финансискиот успех многу јасно кажуваат на чии странски трпези завршиле домашните јагниња.
„АД Кланица со ладилник Струмица изврши извоз на свежо јагне во Хрватска, вложи во осовременување на деловниот простор во кругот на кланицата за конфекционирање и пакување на месо, како посовремен начин на продажба на месо“, се вели во објавата од компанијата.
Или всушност, на оваа компанија најголемиот дел од приходите, или речиси сите, и се од извоз на јагне, и тие се на сума од 2,63 милиони евра.
Целиот текст на Фактор.мк