fbpx
ВестиТоп вести

Со меморандум за соработка сточарите ќе ги решаваат проблемите со кои се соочуваат

Сточарските здруженија „Агроцентар„ Велес, „Даши “ Дебар и „Орлови  бари“ од Битола денеска потпишаа меморандум за соработка. Целта  на овој меморандум  е  меѓусебно да соработуваат  и  да ги штитат заедничките интереси.  Заеднички да настапуваат пред  надлежните институции  и да наоѓаат решенија на претходно детектираните проблеми со кои се соочуваат.

„Доблест претставува решавање на проблемите од општ интерес, за една напатена катаегорија на граѓани, посебно ако се има предвид нивниот учинок во нашето општество. Проблемите што ги измачуваат сточарите се премногу и натрупани од подолг временски период . Најголем проблем се ниските откупни цени на млекото 33-34 ден/л.  и јагнешкото со цена  пониска за 30% од производната. Моментално таа изнесува 180ден/кг и  ги содржи само трошоците без никаква добивка за сточарот, изјави за Зелена берза Никола Ѓоргиев од Здружението на сточари „Орлови бари“ од Битола.“

Покрај ниските откупни цени, сточарите се соочуваат со немање на пазар.Во Македонија се произведува нјквалитетно јагне , но тоа не се вреднува. Во последно време македонските сточари , а и ЕУ се загрозени  од наплив на јагнешко месо од Нов зеланд и Австралија.Оттаму  конкурираат со ниска цена , но со многу послаб квалитет.

„Вреднувањето на квалитетот очекуваме да го постигнеме на други пазари.За сега македонското јагне се продава на италијанскиот, хрватскиот и црногорскиот пазар, но има соседски земји со подобри политики и цени што треба во наредниот период да се разгледаат“, објаснува  Ѓоргиев.

 

Сточарите сметаат дека во моментоит нема соодветно здружение што ќе ги штити нивните интереси.

„Има многу организации кои воопшто ништо немаат направено за сточарите . Не кажувам дека не работат, нон стоп се во Министерството за зрмјоделство, но нема никаков ефект, вели  Митко Јанков претседател на здружението  Агро центар Велес. Затоа сега потпишуваме меморандум, да видат дека сточарите не може да останат на она што беа досега. Потребна е реорганизација на сточарите, но треба за кратко да видиме  дали тоа ќе вроди плод“, додава Јанков.

Сточарите ги детектираат проблемите со кои се соочуваат и велат дека за една недела ќе излезат со конкретни предлози до МЗШВ и Владата  кои во идниот период ќе треба да им помогнат во надминувањето на проблемите.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close