Агро бизнисВестиМакедонија
Сојузот на Стомнароски тврди дека правилникот бил во корист на тутунарите
Соопштение-Сојузот со сите откупувачи и МЗШВ донесовме правилник во корист на тутунопроизводителите каде што I класа ја зголемивме до 14цм. II класа до 20цм, во III класа со должина до 25цм, исто така се вметна и дибот (првата берба).
Соопштение на Сојузот на Земјоделски здруеженија:
Почитувани тутунари,
Сакаме да ве известиме ние како сојуз две години бараме да се измени правилникот и конечно седавме во петокот 05.11.2021 година со сите откупувачи и МЗШВ и донесовме правилник во корист на тутунопроизводителите каде што I класа ја зголемивме до 14цм. II класа до 20цм, во III класа со должина до 25цм, исто така се вметна и дибот (првата берба).
Се формира збирна класа за скапаниот тутун, тутунот со оштетувања до 60% (четворката) да се проценува како II-I дополнителна класа.
Со ова цените на тутунот си остануваат исти како што се во договорите и откупот ќе почни навремено и без задоцнување.