fbpx
ВестиТоп вести

Сојузот од десна рака стана никаква рака за тутунарите – обвинуваат од ИО

Проблемите на тутунарите остануваат на терен, обвинуваат дека се цени класа подолу, а динамиката на откуп била премногу слаба. За надминување на проблемот во среда имаат нова средба со министерoт за земјоделство на која ќе одат поделни. Од една страна Инцијативниот одбор, а од друга Сојузот на земјоделски здруженија. Од ИО велат дека Сојузот не ги застапува вистинските барања на тутунарите затоа што не го поддржа штрајкот пред Влада и не ги повлече поверениците од вагите. Сметаат дека има притисоци и дека целата работа се исполитизирала.

Проблемите на тутунарите остануваат на терен, обвинуваат дека се цени класа подолу, а динамиката на откуп била премногу слаба. За надминување на проблемот во среда имаат нова средба со министерот за земјоделство на која ќе одат поделени. Од една страна Инцијативниот одбор, а од друга страна Сојузот на земјоделски здруженија. Од ИО велат дека Сојузот не ги застапува вистинските барања на тутунарите затоа што не го поддржа штрајкот пред Влада и не ги повлече поверениците од вагите. Сметаат дека има притисоци и дека целата работа се исполитизирала.

-Ние како ИО ја водиме сами оваа битка, значи ние и натаму ќе продолжиме сами. Во еден момент Сојузот ни даде поддршка и стоеше зад нас, па дури и се прогласи дека ни е десна рака, меѓутоа таа десна рака за 2 дена стана никаква рака. Има некое влијание за тоа што се случи. Не знаеме од каде е тоа влијание, не можеме да критикуваме без докази, но се виде на терен дека тие за 2 дена ја сменија изјавата. Ние не бркаме никаква политика, не мешаме политика, кај нас единствена политика е тутунот и застануваме зад сите, без разлика кој за кого гласа или кој од која националност е, изјави Игор Мирчески, Иницијативен одбор на тутунари.

Од Сојузот бараат да се зголеми динамиката на откуп, пунктовите да работеле и во сабота, да се укине проценката по шифри, туку да се цени по класи и што побрзо да се откупел и вишокот на тутун. Но и сами признаваат дека динамиката на откуп е слаба, а цената не е покачена.

-Цената до вторникот беше нешто над 167 денари, многу мало, за нијанса покачување. Да видиме денешниот ден како ќе протече и се ќе зависи од средбата што ќе ја имаме со министерот, премиерот и откупувачите. Да видиме и со вишокот на тутун, кога ќе се делат картони, кога ќе се откупи истиот. Бидејќи ние сакаме тој да се откупи тековно за да до законскиот рок биде откупен и да не остане тутун за откупување во март или пак подоцна, рече Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија.

Дарко Штаргоски за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close