fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Соколовски: Сега е моментот кога треба сериозно да се размислува за здружување

Во време кога корона кризата сериозно влијае на целокупната економија, не треба да се запре производството, напротив треба да се размислува како да се искористат постоечките ресурси кои би ја зголемиле вредноста на земјоделските производи и би ја подобриле својата конкуренција не само на домашните пазари туку и на пазарите надвор од нашите граници. Стручните лица велат дека сега е моментот кога треба сериозно да се размислува за задружно работење.

Голем е бројот на мали индивидуални производители и мали земјоделски стопанства кои во идниот период може многу да направат доколку се организираат во задруги со што би можеле да ги искористат поволностите што државата ќе им ги понуди. За тоа какви сè можности постојат и како да се искористат средства од ИПАРД Програмата заинтересирани земјоделци од Пелагонискиот регион имаа можност да се информираат на предавањето што го организира здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“ Битола  во хотел ресторан Премиер во Битола.

-Во иднина ги охрабрувам малите земјоделски производители да се организираат во задруги, бидејќи во наредниот период државата ќе одвои средства за формирање на такви задруги. Иднината на развојот на малите стопанства е токму во формирањето на задруги и усовршување на примарното производство со додавање на  вредност, односно со преработка на основните производи што ќе му овозможат поголема вредност на пазарот. Тоа може да го направат со искористување на можностите што им ги нудат правилниците  за продажба од праг исто така и искористување на средствата што ги нуди ИПАРД Програмата  и инвестициите во руралниот развој со што ќе им се отворат пазарите не само во Македонија туку и надвор од нашите граници, вели Андреа Соколовски советник во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Економијата во целиот свет ја чувствува кризата. Голем дел од населението е заболено или стравува да не биде заболено, односно спаѓа во категоријата на луѓе кои се ризични  по однос на оваа пандемија. И покрај сите проблеми добрите познавачи велат дека токму сега треба да се размислува за инвестиции во земјоделството, бидејќи заради кризата во наредниот период сè повеќе ќе се чувствува недостиг од земјоделски производи. Подобрување на сопственото производство и инвестирањето на пари во зголемување на конкурентната  способност  на земјоделците ќе им ги отвори вратите и освојувањето на нови пазари.

Почетниот капитал и обезбедувањето на средства за отпочнување на бизнис е еден од најголемите проблеми кај заинтересирани граѓани кои сакаат да почнат нешто свое. Светлана Папачек од Битола би сакала да отвори свој бизнис со производство традиционални производи. Идеја  како сето тоа би изгледало постои, но нема доволно средства за да ги реализира своите замисли објаснува таа.

-Заинтересирана сум за производство на прехранбени производи и како во таа насока можам да ги  искористам правилниците за продажба од праг. Сметам дека за тоа има иднина не само во руралните туку и во урбаните средини. На предавањето од страна на советникот од АПРЗ Андреа ми остави впечаток она што може да гопонуди Ипард прогерамата  2021-2027 бидејќи ќе има фондови токму за развој на женското пртептриемништво, а тоа е она што мене најмогу ме интересира. Би почнала, но проблем се финансиските средства, првичната инвестиција. Кога би имала средства спремна сум веднаш да почнам, рече Светлана Папачек од Битола. Би сакала да отворам продавница за продажбва на традиционални производи, онака како што ги правеле во минатото нашите баби, додаде таа.

На предавањето присуствуваше  Марјан Трајчевски млад земјоделец кому производството на круши и бадеми му е дополнителна дејност, која сака да ја работи и развива во иднина.

-Од она што го слушнав има можност да го подобрам она што сега го работам и основната дејност да ја проширам со преработувачка и да ми донесе дополнителни приходи.  Со моето семејство произведуваме круши и бадеми. Би сакале оние пониски класи од производството да ги искористиме во дополнитлно производство, дали тоа ќе бидат сокови, кашички, мармалади и сл. да можеме и нив дополнително да ги искоритиме и да ги пуштиме во продажба. Тоа  би можеле да го направиме со средства кои ги нуди државата  и со вас  како здружение во делот на зближување и информирање  на тие правилници, мерки и др. за да можеме ние како производители да ги искористиме целосно, вели Марјан Трајчевски.

Како што вели, насадите се наоѓаат во атарот на с. Барешани и ќе се труди во иднина да ги искористи што е можно подобро. Организатор на предавањето е ЗЕЗ „Зелена берза“ Битола кое го реализира во рамки на проектот „Подобра промоција на традиционални производи“ помогнат од Министерството за економија.

П. Јовановска

Слични написи

Back to top button
Close