вестиМакедонијаТоп вести

Сончево време со повисоки дневни температури

 

Снегот и врнежите во изминатиот период кои паднаа на територијата на цела држава, позитивно ќе се одразат на развојот на земјоделските култури. Последниот воден талог создава услови за прихранување, најмногу во Пелагонија.

Денес се очекува стабилизација на времето и пораст на температурите што ќе биде поволно за завршување на сите активности за подготовка на овоштарниците и лозјата за претстојната сезона.  Високи температури на некои места ќе придонесат и отпочнување на развој на вегетацијата.

Во следните два дена ќе преовладува сончево и топло време со пораст на дневната температура. Во среда облачноста ќе се зголеми, а под влијание на влажен бран во четврток се очекуваат врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за неколку степени,информираат од УХМР.

 

П.Ј.

 

Слични написи

Back to top button
Close