
Агро бизнисВестиТоп вести
Сончево и многу топло максимална температура до 39 степени
Од петок посвежо време
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во четврток ќе се задржи многу топло време, а во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо, а претпладне ќе има услови за локална нестабилност. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на температурата.