fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта во крајните северозападните делови ќе има локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 20 степени.

Во четврток ќе преовладува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close