fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Најниска цена за пченицата

Земјоделците регистрираат најниска цена на пченицата досега. Се откупува за 9,5 денари, пари со кои не можат да се покријат трошоците.

Од Националната федерација на фармери, велат дека цената на пченицата е уште помала, ако се земат предвид трошоците за транспорт и слично.

-Сега пченицата е околу 10 или 9,5 денари, но не е проблем само трошоците за транспорт, тука се и додатни трошоци. Мелничарите кога ја мерат пченицата ти велат има влага, има ѓубре и таму ти намалуваат тежина и на крај ќе излезе дека пченицата ти е 9 денари, рече Мемет Синани од Националната федерација на фармери.

Од Агенцијата за поттик и развој на земјоделие подрачно одделение Тетово, велат дека веќе сме при крај на жетвата. 95 % од површините засадени со пченица е ожнеана. Има добар квалитет и род, но поради состојбата со ниските цени површините се намалуваат, тоа не е така драстично велат оттаму, но сепак има некои мали намалување на површините.

-Житните култури се секогаш застапени на овие простори, може да има благо опаѓање на површините , но тоа не е толку драстично, тоа е наше некое скенирање, но пак ќе речам не е драстично. Се смета дека не е економски оправдано одгледување на пченица, но за да смени културата за некој друга култура таму кај таа друга култура ќе се појават некои други проблеми и затоа претежно повозрасните се занимаваат со одгледување на пченица не сакаат да ризикуваат за други култури, а младите не сакаат да се занимаваат со земјоделие. Проблем е што имаме застарена механизација, климатски промени влијаат и така е лоша состојбата. Конкретно за пченицата наши информации говорат дека цената зависи од хектолитарската тежина и се движи од 9 до 10, 5 денари. Исто така земено во предвид какви се цените од увоз таква е состојбата, истакна Петре Петрески раководител на Агенцијата за поттик и развој на земјоделие подрачно оделени Тетово.

Од Националната федерација на фармери, велат дека секоја година треба да се води статистика колкав е трошокот на проозводство, а колкава е цената. Таа статистика треба да се направи пред продажбата на пченицата, а не во септември како што најавуваат сега.

-Пченицата е стратешки производ. Со закон треба да се заштитат земјоделците кои произведуваат пченица, ако имаат трошок државата треба да им го покрие. Требаше Министерот за земјоделие Трајан Димковски да оствари средба со земјоделците и да ги праша каква е состојбата со производство на пченица, а нивните образложенија се дека има корона, а за митинзи немаше корона тогаш, вели Синани.

Од Агенцијата за поттик и развој на земјоделие, велат дека земјоделската дејност може да биде доходовна, но земјоделците мора да применуваат нови технологии и да обезбедат поголеми површини.

-Треба да прејдеме на друг начин на производство со нова технологија на поголеми површини, за да имаме добра производна цена, за да имаме економска оправданост, а кај нас е раситнето земјоделското производство и тука имаме дополнително трошоци и затоа е тоа не рeнтабилно  производство. Ние често пати во советодавните препораки апелираме да се направи анализа на земјата, на тој начин ќе се се определи каква сорта ќе засееме. И во зависнот од побарувачката треба да засадуваме. Секоја нива сама за себе е посебна, може за некоја сорта да одговора, а за некоја не. Затоа земјоделците треба да ги испитаат нивите каква земја имаат на таа површина и какви хемиски својства има, истакна Петре Петрески раководител на Агенцијата за поттик и развој на земјоделието подрачно одделение Тетово.

Корона кризата според Агенцијата не влијаела кај земјоделските стопанства, особено  кај житните култури, затоа што пченицата на пример како што велат била засадена пред корона кризата.

Зоран Димовски

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close