fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Сончево и топло со температури над 30 степени

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С) 6 Берово, 8 Лазарополе, 9 Битола, Струмица, 10 Тетово, Крива Паланка, 11 Маврови Анови, 12 Куманово, Охрид, Претор, Прилеп, Демир Капија, Штип, Велес, Гевгелија 13 Скопје-Зајчев Рид, 14 Кавадарци, Попова Шапка, Крушево, 15 Виница.Температурата во утринските часови ќе биде од 6 до 12 Целзиусови степени, а во текот на денот од 27 до 34 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе биде 6.

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Во попладневните часови се очекува да има мала локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температурата во утринските часови ќе биде од 6 до 12 Целзиусови степени, а во текот на денот од 27 до 34 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе биде 6.

И во Скопје, времето денеска, според УХМР, ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде 11 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 33 Целзиусови степени.

Можно е да е слика од нацрт и текст

Според прогнозите на УХМР, и утре времето во целата држава, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Температурите утре наутро ќе бидат од 6 до 15 степени, а дневните од 27 до 34 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе биде 6.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close