fbpx
Вести

Анализа на млеко и млечни производи

Во нашата лабораторија за микробиолошка анализа, микробиолошките анализи се изведуваат на сите храни и води. Анализата се изведува во биозаштитни кабини поради потребата за изведување на лабораториските студии во стерилна средина. Анализа е направена во поглед на условите на инфраструктурата на меѓународните стандарди и се одржува од страна на нашите вработени експерти со најнова технологија на уреди.

Нашата лабораторија го усвои принципот на давање точни и навремени резултати од својата работа. Според побарувачката на клиентите, за микробиолошка анализа, примерокот се зема под стерилни услови од страна на тимот за земање примероци и се носи во нашата лабораторијата во ладен синџир.

Нашата микробиолошка лабораторија има договорор со неколку европски лаборатории кои се во сопственост на ланецот на Proanaliz и Oxigen со цел поширока и подобра соработка како и претставување на меѓународните пазари.

Во склоп на нашата сертифицирана лабораторија Проанализ вршиме имплементација и сертифицирање на сите ISO сертификати, HACCP, HALAL, KOSHER,IFS,FSSC, GLOBAL GAP. Нашите дејности се спроведуваат во рамките на UNICERT кое е со седиште во Келн Германија, а сега и со претставништво во Р. Македонија за издавање сертификати со акредитација DAKKS.

Дел од широкиот спектар на работа се анализи на тешки метали, анализа на пестициди,нутритивни вредности, хемиска анализа, микробиолошка анализа.

Нашата микробиолошка лабораторија е акредитирана од страна на Институт за акредитација на Република Македонија, ИАРМ.

Анализа на млеко и млечни производи

Зошто  анализа на млеко и млечни производи?

Квалитетот на суровото млеко што ќе се користи во производството за млеко за пиење и млечни производи е од огромно значење. Како и во повеќето земји, бројот на соматски клетки е меѓу критериуми за квалитет во нашата земја. Истражувањата покажаа дека приносот на млеко се намалува кога бројот на соматски клетки е висок, обработливоста на млекото во производството на производот (сирење, јогурт, ајран и сл.) се намалува, губењето на приносот во производството на сирење поради намалувањето на казеинскиот однос како и сензорни загуби во квалитетот на пастеризираните млекa добиени од таквото млеко со тоа што  неговиот живот е скратен.

Кога  треба да се прави анализа на млеко и млечни производи?

Анализите на млекото и млечните производи треба да се прават при самото преземање на сирово млеко од производителите, односно пред било каква натамошна преработка.Пред се навременото анализирање на млекото и млечните производи е битно за да се одреди вкупниот број на бактерии што ги содржи, кои бактерии ги содржи и во кој процент.

Што опфаќа анализата на суровото млеко?

Анализата на суровото млеко го опфаќа следното:

*Микробиолошка анализа

-Вкупен број на бактерии и соматски клетки

*Хемиска анализа

-Протеини

-Масти

-Сува материја

-Лактоза

-ph

-Додадена вода

-Густина

– Точка на мрзнење

Што опфаќа анализата на млечните производи?

Анализата на млечни производи го опфаќа следното:

* Escherichia coli

* Аеробни колонии на 30C

* Коагулазни позитивни стафилококи

* Sallmonella spp.

* E. coli O157

* l. monocutogenes

* Колиформни бактерии

* Комерцијална контрола на стерилност

 

Колку долго трае самата анализа?

Анализата насуровото млеко трае 1 ден.

Што покажува досегашното искуство, каквисе суровото млеко и млечните производи кои се пласираат на пазарите во Република Македонија?

Од досегашните искуства можиме да заклучиме дека млекото и млечните производи кои се нудат во маркетите се целосно здрави за конзумирање. Наша должност е да ги пофалиме сточарите за нивната грижа кон стоката со цел производство на здраво и квалитетно млеко за понатамошна обработка како и нашите клиенти односно млекарите и млечните индустрии за изборот на млекото како и технологијата и начинотна кој го преработуваат.

Во прилог на оваа статија ви следува талонче од ЗеленаБерза кое ќе ви обезбеди 10% попуст за услугите кои ги врши нашата лабораторија. Каргото за праќање на примерокот почва е на наш трошок.

 

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close