fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Трипуновски: Со СДС на власт бележиме рекордни најниски приноси на тутун

Само човек кој верува во девизата,,лага кажана сто пати станува вистина" и има потреба на секоја прес конференција да ги потсетува земјоделците дека работи за нив, реагира Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ.

Георгиевски!

Само човек кој верува во девизата,,лага кажана сто пати станува вистина” и има потреба на секоја прес конференција да ги потсетува земјоделците дека работи за нив, а човек кој навистина работи за нив нема потреба ни од фалби ни од пресови бидејќи делата зборуваат за него.

Но за жал вистината е сосема различна и од кога СДС – ДУИ се на власт земјоделците ги живеат најцрните денови.

Се чудам од каде само наоѓате доблест вие да зборувате за рекорди кога поради вас имаме рекордни најмал принос на тутун и тутунарите години наназад мрзнеа по протести,умираа по откупи и беа доведени до раб на питачење.

А. За волја на вистината точно е тоа дека парите што тутунарите ги зедоа за оваа реколта ќе им траат само за празниците бидејќи поради вашето,,домаќинско работење,, и рекордната двоцифрена инфлација нивната вредност е преполовена, и затоа уште од сега тутунарите мислат каде да бараат чаре за пари за да ја започнат следната реколта.

Затоа доста со пресови и потсетувања,почнете со работа бидејќи земјоделието не сака молитва туку мотика.

А за тоа колку сте успешни во земјоделските политики ќе ви кажат земјоделците на следните предвремени парламентарни избори.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close