
Агро бизнисВестиТоп вести
Сончево со мала до умерена локална облачност, попладне во планинските региони услови за локален слаб дожд
Од средината на следната седмица времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во вторник претежно во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Дневните температури ќе бидат малку под просекот за овој период од годината. Од средината на следната седмица времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.