fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сончево со мала до умерена облачност и умерен северозападен ветер

До сабота, времето ќе биде стабилно со пораст на температурите.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 29 степени.

Во Скопје и околината, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.

До сабота, времето ќе биде стабилно со пораст на температурите. В недела попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а на почетокот на наредната седмица се очекува да биде нестабилно на повеќе места.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close