Убиство во Грција: сточар го застрелал својот работник од Бугарија, па го закопал во нива
Младиот Бугарин пристигнал од својата земја во областа Неврокопи, во регионот Драма, за да се сретне со својот работодавач, по што му се изгубила секаква трага.
Властите во Грција уапсиле 50-годишен сточар откако признал дека го убил својот 24-годишен работник од Бугарија, кој исчезнал во саботата.
Младиот Бугарин пристигнал од својата земја во областа Неврокопи, во регионот Драма, за да се сретне со својот работодавач, по што му се изгубила секаква трага.
Полицијата го испрашала сточарот и уште еден 23-годишен маж во рамки на истрагата. Сточарот признал дека го застрелал својот работник со ловечка пушка, а како причина за убиството ги навел „личните несогласувања“ меѓу нив, објави „Екатимерини“.
По неговото признание, полицијата го пронашла телото на младиот Бугарин закопано во нива, на местото што го посочил осомничениот. Другиот маж се соочува со обвинение дека му помогнал на сточарот да го сокрие телото.




