fbpx
ВестиМакедонија

Сончево со мала облачност и студено

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.

Услови за појава на слаб снег ќе има изутринава на североистокот. Преку денот ќе биде сончево со мала облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од северозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.

Во Скопје изутрина ќе има мала до умерена облачност, а преку денот ќе биде сончево и студено. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 6 степени.

Од петок следува период на променливо облачно и малку потопло време со нови врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат поинтензивни во ноќта кон сабота во западните делови и во недела. Претежно во источните делови од земјата утре ќе засилува северен ветер, а во сабота ветерот ќе биде силен.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close