Тутунари – не чекајте денеска пари од субвенциите, исплатата е пролонгирана, кажа Кире Ристевски
„Исплатата на субвенциите ќе биде пролонгирана, ја користам приликата да им се извинам на тутунопроизводителите дека ќе закаснат субвенциите за 10 до 15 дена и ќе бидат исплатени во целост. Најмногу до средината на месецот ќе бидат исплатени“, убедува Ристевски.
Наместо пари тутунарите добија извинување од претседателот на Сојуз на тутунски здруженија, Кире Ристевски дека исплатата се пролонгира.
„Исплатата на субвенциите ќе биде пролонгирана, ја користам приликата да им се извинам на тутунопроизводителите дека ќе закаснат субвенциите за 10 до 15 дена и ќе бидат исплатени во целост. Најмногу до средината на месецот ќе бидат исплатени“, убедува Ристевски.
Наместо МЗШВ да им соопшти официјално на тутунарите зошто нема да им бидат исплатени субвенциите во првата недела на јуни, како што претходно и кажаа, тоа за нив го направи Ристески. Па оправдувањето на првиот човек на Сојузот на тутунски здруженија е дека пролонгирањето на оваа исплата е бидејќи работеле на случајот 91 тутунар кој требаше да ги вратат субвенциите за 2024 поради неправилности во прикажувањето на парцелите со тутун, да им се простат парите.
На социјалните мрежи, тутунопроизводителите не го сокриваат револтот од неиплтанеите субвенции.
Фросина пишува-„Само се пролонгира исплатата, прво кажа во април, па во мај а сега да се стпиме до средината на јуни. Преваранти без осет и срам.“
Поце Митев коментира-„Само се замајуваат луѓето и се поместуваат роковите, единствената причина е ги изедоја парите. Земјоделците на крај го плаќаат политичкиот недомаќинлок.“
Игор Мирчески поранешен координатор на новоформираните тутунски здруженија реагира –„Со години барани и конечно од пред 2 години стекнати субвенциите по површина и за зелена нафта, сега работиме да се вратиме назад повторно да има субвенција само по предаден килограм. Каква глупост, оние(Сојузот) кои треба да бараат зголемување на субвенции и по разни основи, ќе барале да се укинат веќе стекнати права во случајот субвенции. Кирца, абе шо се брукаш брат, имаш образ или за пуста фотелја го изгуби.“
За годинава намалена е субвенцијата од 100 денари за килограм прва класа тутун. Висината на директните плаќања за тутунот од оваа реколта изнесуваат 80 денари по килограм за I-I класа, 70 денари по килограм за I-II класа, 60 денари по килограм за I-III класа, II-I класа од ориенталните дополнителни тутуни, од типовите Прилеп и Јака.
Анета Блажевска




