
Агро бизнисТоп вести
Сончево со мала облачност, попладне краткотраен пороен дожд и грмежи
Од денес пад на температурите за неколку степени
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Вторник и во среда во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните температури ќе бидат без значителни промени.