Агро бизнисБез категоријаВести
Соопштение до земјоделците од Битола, Новаци и Могила од ПЕ на МЗШВ во Битола
Во тек е поднесувањето на барања за дополнителни директни плаќања од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, за следните подмерки
Во тек е поднесувањето на барања за дополнителни директни плаќања од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, за следните подмерки:
- „Мерка 1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион“,
- „Мерка 1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници“,
- „Мерка 1.7 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети“,
- „Мерка 1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје“,
- „Мерка 1.10 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети“,
- „Мерка 1.13 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12. за остварено производство на грозје“ и
- „Мерка 2.20 Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед“
ПРИЈАВУВАЊАТА СЕ СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ВО МЗШВ ПЕ БИТОЛА