fbpx
ВестиТоп вести

СООПШТЕНИЕ Битолска млекара со донација во најтешките моменти: Со итна постапка обезбеди финансиска поддршка за Министерство за здравство за сервис на апаратите за респираторна нега

(Битола, 06.04.2020) – Битолска млекара излезе пресрет и обезбеди финансиска помош за ургентните потреби на Министерството за здравство за сервис и репарација на апаратите за респираторна нега, коишто се потребни за Инфективната клиника во Скопје.

“Моменталната ситуација и кризата КОВИД 19 го сврти нашиот фокус кон напорите на здравствените работници и донацијата ја упативме до Министерството за здравство во делот каде е најпотребна, за обезбедување соодветна и функционална апаратура. Сите сме свесни дека во овој момент многу е тешко да се набават овие апарати за респираторна нега, па од голема важност е нивното одржување и добро функционирање, со цел да им помогнеме на оние на кои им е најтешко”, изјави генералниот директор на Бимилк, Ѓорѓи Петрушев.

Следејќи ја состојбата во државата во вонредни услови, Битолска млекара со цел да го помогне функционирањето на државните институции, предвремено ја уплати вкупната аконтација на данок на добивка за тековната година во вредност од 15 милиони денари. Минатата недела реализирана е донација од финансиски средства и набавка на два пациент монитори во Клиничката болница Битола, како и производи за најранливите групи граѓани, доставена преку Црвениот Крст Битола. За граѓаните од кризниот регион во Дебар и Центар Жупа во најкритичните моменти, компанијата достави донација од 3 илјади литри јогурт.

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close