вестиДвор и градинаЕкологијаТоп вести

Сопругот и засадил цело поле со цвеќиња, за неговата слепа жена за да може барем да ги мириса

Кога неговата сопруга го изгубила видот, еден фармер посадил илјадници мирисни цвеќиња околу нивниот дом, за да се вратат заедно од тагата.

Toshiyuki и Yasuko Kuroki биле во брак 30 години, работејќи стадо од 60 крави на фарма во Јапонија. Потоа на Јасуко и наидуваат здравствените проблеми и компликации поради болеста дијабетес.

Таа почнала дури и да се повлекува од животот, повеќе не разговарала со луѓето и се заклучувла себеси во нивната куќа.

Еден ден, Toshiyuki забележал светла, црна боја на фуксија – која растела на фармата. Тој знаел дека неговата сопруга не може да ужива во глетката, но поради моќниот мирис ќе направи таа да се чувствува подобро.

Тошиуки почнал да ги сади цвеќињата во близина на куќата, a потоа низ фармата. Тој ја трансформирал својата млекарница во гигантска цветна градина. Туристите почнале да се појавуваат за време на сезоната на цветање за да ги посетат овие розеви полиња, а што е најбитно од се мирисот ја вади неговата сопруга надвор од куќата, и таа почнува да комуницира со посетителите. Од тогаш поминати се речиси 25 години, а секој март и април, кога цветаат шибазаиурата, 7000 туристи доаѓаат да го посетат, да го мирисаат мирисот, да видат ќебе од розева боја и да увидат двојка сега во 70-тите и 80-тите, одејќи по градината изградена од љубов.

Извор:градина.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close