Сопственикот на пивото Corona инвестира 4 милијарди долари во марихуана

Сопственикот на популарниот бренд пиво „Corona“ – „Constellation Brands“, се очекува да инвестира 4 милијарди долари во најголемиот производител на канабис во Канада – „Canopy Growth“. Договорот ќе биде најголем во индустријата во овој момент.

Минатата година „Constellation“ инвестираше 200 милиони долари во „Canopy“ во договор за производство на безалкохолни пијалоци кои содржат канабис.

Компанијата сега сака да ја искористи широката легализација на наркотикот.

По излегувањето на веста за договорот, акциите на „Canopy“ кои се тргуваат на берзата во Торонто, поскапеа за 30%, додека оние на „Constellation“ поевтинија на берзата во Њујорк со 6%.

Според двете компании, инвестицијата ќе и овозможи на „Canopy“ да го прошири опсегот на својот бизнис до „речиси 30-те земји во кои употребата на канабис за медицински цели е легална“.

Со финансиската инјекција на „Constellation“, „Canopy“ планира да го прошири сетот на производи и да произведува јадења, десерти, инхалатори и друго.

Таа исто така сака да развие лекови базирани на канабисот кои обезбедуваат побезбедна алтернатива кои некои најчесто се користат за лекови за болка, стрес, несоница и псоријаза.

„Овој договор стави крај на загревањето во нашиот сектор … сега е време да се дејствува со полна сила“, изјави главниот извршен директор на „Canopy“, Брус Линтон.

„Constellation“ која произведува и продава пиво, вино и други алкохолни пијалаци во САД, Канада, Мексико, Нов Зеланд и Италија, забележува дека владите во светот веќе дале индикации за значајни промени во ставовите кон канабисот и производите базирани на растението.

Во јуни канадската влада го усвои нацрт-законот, кој практично ќе го легализира пазарот на канабис со рекреативни цели. Законот се очекува да влезе во сила во октомври.

Со објавената инвестиција, учеството на „Cantel“ во „Constellation“ ќе се зголеми на 38%.

Трансакцијата е предмет на одобрување од страна на регулаторните органи и се очекува да биде финализирана до крајот на октомври.

 


 

denar

Share Button