fbpx
ВестиТоп вести

Состанок на работната група за земјоделство на Националната конвенција на ЕУ

На денешниот состанок обраќање ќе има и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Семејно земјоделство – одржлив модел за развој на руралните средини е темата на четвртата работна сесија на Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11) на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија.

Од Националната конвенција очекуваат отворена дебата на учесниците, меѓу кои претставници на релевантното министерството, на граѓански здруженија активни во оваа област, фармери, претприемачи и други стручни лица и експерти од оваа област од Македонија и Словачка.

На денешниот состанок обраќање ќе има и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Развојните перспективи на  земјоделството во нашата држава, но и во европските држави, се поврзуваат  со модернизацијата на семејните земјоделски стопанства за што е неопходна соодветна легислатива, институционална  и финансиска подршка.

Во согласност со методологијата на НКЕУ-МК од дебатата треба да произлезат препораки, чија цел е да се помогне во креирањето релевантни политики и легислатива, со која би се забразал развојот на овој витален дел на економијата, односно на општеството во целина.


 

kanal5

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close