Вести
Спас на овошните насади од измрзнување со создавање вештачки магли
Високите температури невообичаени за овој период од годината, предизвикаа дел од овошните насади предвреме да расветат. Со вакви температури агроекспертите очекуваа веке од идната недела да се појават и првите плодови кај насадите со кајсија, бадеми, праски и сливи иако календарски сеуште сме зима.
Имајки во предвид дека не се исклучуваат ниските темпаратури во март можно е да дојде до мрзнење на целиот род.
Создавање вештачки магли со инсталиран систем за воздушни прскање да се применува доколку паднаат температурите под нула, тврди професорката од земјоделски на штипскиот универзитет Виолета Димовска. Според неа друго решение нема доколку сакаме оваа пролет да има овошје.
Синоптичарите информираат дека во март се очекува променливо време и во одреден период пад на температурите што ке значи и можно измрзнување на овошните насади.
Минатата година токму поради измрзнување дел од овоштарите немаа род и претрпеа огромни штети, пред се производителите на кајсии