fbpx
ВестиТоп вести

Спасете се од луковиот штетник

Liliocerismerdigeraили позната како лукова буба периодично се појавува како штетник на белиот лук и празот, но досега не се познати поголеми економски значајни штети. Домаќини на овој штетник се растенијата од родот Allium, Lilium, Polygonatumи Convallaria.

Штетникот го оштетува лукот така што го гризе листот. Штета прават и возрасните облици и ларвите, но поштетни се во ларвениот стадиум. Возрасните буби се со црвена боја, во должина од шест до осум милиметри, со точкасти вдлабнатини. Според податоците од литературата, постои една генерација годишно. Презимува како имаго (возрасна единка) во земјата. Напролет излегува од земјата и се храни со лисјата на лукот и другите растенија.

Во периодот од април до почетокот на јуни, женката полага јајца на задната страна на листот. Јајцата се со портокалово – црвена боја, со големина од еден милиметар. Најчесто се положени во групи од две до десет јајца. Една женка може да положи до 250 јајца.

По излегувањето од јајцата, ларвите се хранат со лисјата, при што најчесто го оставаат епидермисот на листот. Ларвите се со смеѓо – жолта боја со црна глава и покриени се со сопствениот измет. По завршувањето на развојот, ларвите се спуштаат на земјата каде се зачауруваат, по што излегува имагото, кој се храни кратко време и на крајот на летото заминува на презимување.

Се препорачува, механичко отстранување на листовите на лукот на кои се наоѓаат јајца и ларви. Хемиско сузбивање на овој штетник е дозволено со инсектицидот Decis 2,5 EC.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close