fbpx
Вести

Специјални продавници за храна со ниски цени и краток рок на употреба

Иако фрлањето и уништувањето на храната е најскапата опција, сепак во Европа на годишно ниво се фрлаат дури по околу 180 килограми на жител. Една од мерките што се преземаат е даночното ослободување на трговците ако ја донираат храната, а втората опција се дисконтните продавници во кои по крајно поволни цени се продава храната на која наскоро истекува рокот на употреба.

Во регионов засега ваков дисконт има само во Загреб. Може да се купат мусли, сокови, средства за хигиена и козметика намалени и до 70 отсто, а цената на храната на која останале уште два дена од предвидениот рок за употреба паѓа и за 90 отсто. И нејзината приказна се покажа веднаш повеќе од успешна – секогаш има муштерии и не остануваат непродадени артикли.

Screenshot_16

Дуќанот е отворен во рамките на зелениот пазар на Трешњевка, а купувачите се воодушевени бидејќи исклучително евтино може да набават производи што се сосема исправни и безбедни за употреба. Голем број граѓани секојдневно навраќаат за да видат дали ги има производите што им се потребни и дали им одговара цената. А попустите одат скалесто – почнуваат од 30 отсто и се зголемуваат како што истекува рокот за употреба. Понудата постојано се менува, а дека пазарувањето таму не се сведува секогаш само на социјалниот момент, доказ е јагмата по „рафаело“ и „фереро рошер“, кои загрепчани буквално ги разграбуваат секогаш кога ќе стасаат во овој дуќан.

Идејата и Скопје да добие продавница во која целата палета производи ќе може да ја купат по драстично пониски цени за трговците е новина за која допрва треба да размислат. Малите трговци се поскептични.

– Не знам дали ваква идеја би можел да реализира кој било од малите трговци како што сум јас. Со синот и сопругата живееме од ова дуќанче и затоа ми изгледа ризично. Прво немам доволно луѓе за да ги следат роковите на продуктите во магацините на големо и да ги прават набавките, а ни капитал што би го вложил во нешто за што немам гаранција дека ќе успеам да ја продадам за толку кусо време – е коментарот на сопственик на колонијална продавница.

specijalni prodavnici so hrana za niski ceni i kratok rok na upotreba

 

Маркетите ги спуштаат цените

Во поголемите маркети ни посочија дека редовна практика им е да ги спуштаат цените на голем број производи на кои им истекува рокот на употреба или да прават акциска продажба во комбинација со уште еден или два други артикла. Секаде добивме ист одговор дека работењето по принципот на дисконтот од Загреб е голема новина за која може да реши само врвниот менаџмент.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close