Вести
Спорот со брашното на седница на економскиот совет
Спорот со брашното со соседна Србија ќе биде една од точките на утрешниот економски совет со кој ќе претседава вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Инаку преговорите продолжуваат помеѓу двајцата министри за земјоделство, Николовски и Љајиќ преку телефонски разговори.
Тие во неколку наврати во текот на денот разговарале за надминување на проблемот што се појави откако Македонија го смени правилникот за контрола на квалитет на странското брашно. Србија се закани со контра мерки кои ќе го отежнат увозот на сите македонски земјоделски и прехрамбени производи.