fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Спречен увоз на замрзнат помфрит од Холандија со поминат рок

Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар.

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба, 23.05.2025 година. Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар.

„Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инспектори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени во петокот на депонијата Дрисла, врз основа на изречената мерка забрана за увоз и издаденото решение со наредба за нештетно уништување“, стои во соопштението на АХВ.

Оттаму додаваат и дека во рамки на вонреден инспекциски надзор кај оператор со храна од животинско потекло, АХВ заплени и уништи и 2.000 килограми небезбеден пилешки стек.

„Поради непочитување на процедурите на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, на операторот со храна изречена му е мерка времена забрана за работа и парична казна од 4.400 евра во денарска противвредност“, наведуваат од Агенцијата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close