Вести
Србија извезува јагоди во Русија
Србија лани произвела 12.000 тони јагоди, а 80% од нив се извезени во Русија.
Се смета дека оваа година шансите за извоз се уште подобри, со оглед на фактот дека Турција ја снабдуваше Русија со свежи и смрзнати јагоди, но поради нарушените политички односи, Србите имаат шанса за пласман. Производителите велат дека во однос на вложувањата, заработувачката е два до три пати поголема. Производството во пластеници бара поголеми инвестиции, но и профитот е поголем.
Стручњаците велат дека јагодите брзо се продаваат, а повеќе луѓе би се занимавале со оваа дејност кога би имале систем за наводнување и домашен саден материјал.
Лани во првата берба цената на јагодите беше од 200 до 220 динари.