fbpx
Вести

Србија се заканува со реципрочни мерки кон Македонија

Србија може да воведе реципрочни мерки кон Македонија поради драстичното зголемување на цената на фитосанитарните уверенија за увоз на пченица, најави потпретседателот на српската влада, Расим Лјајиќ.

srbija se zakanuva so reciprochni merki kon makedonija

 

– Свесни сме дека реципрочните мерки не се ниту трајно ниту најдобро решение, но во овој момент тие за нас се изнуден потег и нашите стручни служби разгледуваат на кои македонски производи може да се однесуваат – изјави Лјајиќ.

Тој ги повика надлежните македонски министри на разговор за трајно решавање на овие проблеми, пред „ситуацијата да ескалира и да ја наруши трговската размена меѓу двете држави“.

Според него, македонското Министерство за земјоделство ги зголеми цените за фитосанитарните уверенија за 833 отсто, што е „продолжение на лошата практика на Владата на Македонија секоја година во овој период да воведува вонцарински бариери“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close