Приносите кај житните култури се над очекуваните

(Oвој напис е објавен на: February 27, 2017)

За жетварите годината се погоди. Приносите кај житните култури се над очекуваните. И самите велат еднаш во десет години, ќе се случи година на добра жетва и полни амбари.

prinosite kaj zhitnite kulturi se nad ochekuvanite

 

Четири тони од хектар се жнеат кај јачменот во штипско. Земјоделците очекуваат рекордни приноси и кај пченицата.

Кога приносите се добри ниски се откупните цени. Пресметките на земјоделците и годинава не се совпаднаа со калкулациите на мелничарите. Понудија 9 денари за откуп на пченицата. Очекуваните 300.000 тони лебно жито во државата, се рекордни приноси во последниве 10 години. Лани мелничарите и жетварите договорија минимална откупна цена од 11 денари за килограм пченица. Просечната достигна 10 денари.