fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Средба на министерот Арјанит Хоџа со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн

На  средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн, беше потврдена одличната соработка меѓу нашите две пријателски земји и континуираната поддршка што Германија ја обезбедува на нашата земја, за побрз економски развој.

Во областа на водостопанството, Германија обезбедува значајна поддршка преку KfW банката, за рехабилитација и модернизација на системите за наводнување во јужната долина на реката Вардар.
Како што истакна амбасадорката Холштајн, македонските земјоделско-прехранбени производи се добредојдени на германскиот пазар бидејќи се со извонреден вкус и докажан квалитет, а Германија ќе продолжи да ја поддржува Република Северна Македонија во процесот на прилагодување кон стандардите на ЕУ.
Министерот Хоџа потенцираше дека во преговарачкиот процес со ЕУ помошта и искуството на Германија е исклучително значајно за нашата држава, како и за исполнување на препораките од извештајот на ЕК во делот на земјоделството и руралниот развој, фитосанитарната политика и рибарството.

Слични написи

Back to top button
Close