fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Српската влада ја зголеми квотата за извоз на пченица на 220.000 тони

Владата на Србија на денешната седница усвои измени на одлуката за времено ограничување на извозот на основни земјоделско-прехранбени производи значајни за населението, со што се овозможува зголемување на квотите за извоз на пченица на 220.000 тони и на пченично брашно на 23.000 тони на месечно ниво, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ваквата одлука е донесена имајќи предвид дека снабденоста на домашниот пазар со овие производи е стабилна, а имајќи предвид дека од анализата на залихите е утврдено дека пазарниот суфицит е поголем од предвидената квотата за мај, па затоа е неопходно да се ослободи простор за складирање на новите приноси, односно производи, се наведува во соопштението на владата.

Владата на Република Србија на 20 април донесе Одлука за времено ограничување на извозот на основни земјоделско-прехранбени производи значајни за населението, со цел успешно да се одговори на опасноста од нарушувања на пазарот предизвикани од значителниот раст на побарувачката во светот и домашните пазари. Од тие причини, како што тогаш соопшти Владата на Србија, одлучено е да се воведат квантитативни ограничувања на извозот на пченица, пченично брашно, пченка и житарки и сончогледово масло на месечно ниво и за одреден период.

Според Министерството за земјоделство, со таа одлука на Владата се дозволува извоз на 150.000 тони пченица, 150.000 тони пченка и 20.000 тони брашно на месечно ниво, додека месечната квота за рафинирано сончогледово масло е 8.000.000 литри. По барање, месечно ќе може да се бара одобрение за извоз на најмногу 20 отсто од одобрените количини по групи на производи.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close