fbpx
Вести

Српските бизнисмени од Косово: Не правете паника, ќе има храна!

Српските бизнисмени во Косово, по средбата со претседателот на Српска листа, Горан Ракиќ, пред медиумите рекоа дека засега нема да има зголемување на цените на прехранбените производи и да не се шири паника. Во Косово владее општа загриженост дека можеби ќе секнат залихите на производи за основни потреби по косовското  стопроцентното покачување на царинските такси за српските производи.

“Најголем проблем имаат сопствениците на продавници на мало со храна, како што е сега најголемиот проблем. Заклучокот е, во моментов, дека нема да има зголемување на цените”, рече претставник на бизнисмените од северно Косово, Радош Петровиќ.

Тој вели дека има храна за уште неколку дена и дека бизнисмените ќе се борат да обезбедат основни продукти за луѓето со сите средства.

“Нема подигнување на цените и нема потреба од страв. Бараме граѓаните да купуваат од само за дневни потреби, а не да трупаат залихи, така што треба да се избегне паника”, рече Петровиќ.


 

faktor

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close