fbpx
Вести

Српското прасе конечно на европска трпеза

Фармерите во Србија забрзано ги вакцинираат прасињата за да може од следната година да го реализираат извозот на свинско месо во земјите од ЕУ каде инаку е забрането да се внесуваат животни од земји каде се врши вакцинација.

svinya

Со помош на Европската Унија донирани се околу стотина илјади евра за набавка на 6 милиони дози на вакцини против чума и ветеринарните власти интезивно работат со фармерите за да се запази рокот. Доколку се реализира планираниот извоз Србија и производителите на свинско месо би заработиле стотина милиони евра во 2017-та.

Да потсетиме дека на почетокот на годината македонските производители на свинско месо бараа заштита од државата поради спуштањето на цените предизвикан од увозот на месо од Србија. Министерството за земјоделство во јануари донесе интервентна одлука за фармерите со поголеми субвенции кои требаше да се реализираат од мај.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close