![](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/404228888_373936408656060_5651292171477384409_n_800x533-780x470.jpg)
Агро бизнисБез категоријаВести
19 јануари, Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед
Министерството за труд и социјална политика соопштува
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2024 година (петок), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.