fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Во Србија-млекари го истураат млекото во знак на протест против намалувањето на откупната цена

Незадоволните млекопроизводители побараа Владата веднаш да го забрани увозот на млеко и да ја ограничи продажбата на увозното млеко во супермаркетите.

Околу 1.000 млекопроизводители од Западна Померанија и регионот Гружа го блокираа автопатот Ибар во Мрчајевци, во знак на протест против намалувањето на откупната цена на млекото и увозот на големи количини од Европската унија, објавиja српските медиуми.

Тие во знак на протест истурија млеко на патот и побараа Владата да преземе итни мерки за спас на домашните млекопроизводители. Незадоволните млекопроизводители побараа Владата веднаш да го забрани увозот на млеко и да ја ограничи продажбата на увозното млеко во супермаркетите.

Дополнително, фармерите бараат да им се вратат премиите за млеко за првите два квартали по 15 динари, итно да се исплатат сите заостанати субвенции за кравите и да се зголемат на 40.000 динари за годинава. Еден од учесниците на протестот, Милијан Паламаревиќ изјави дека млекопроизводителите во овој дел на Србија се доведени до работ на пропаст и дека со новите цени на млекото, кои веќе се намалени за 10 до 12 динари по литар, не можат да работат профитабилен.

Извор http://www.nspm.rs/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close